Што претставува кодексот?

Кодексот содржи информации и извори што ќе ви помогнат да работите за „Џонсон Мети“ законски, етички, одговорно, притоа одразувајќи ги нашите вредности. Ги поставува нашите лични и колективни одговорности - нештата што сите мора да ги правиме.

Кодексот е поделен на четири дела. Така е полесно за користење: „Лица“, „Пазар“, „Фирма“ и „Планета“. Осмислен е така за да можете да го користите во секојдневните активности. Содржи примери и нешта на кои треба да се внимава, како и насоки за донесување одлуки.

Етички кодекс

За мене, најважно за успехот на „Џонсон Мети“ е да се постапува правилно.

Постапувањето правилно значи добро деловно работење, а не „деловно работење по секоја цена“. Се работи за воспоставување на фер однос кон сите, за исполнување на нашите ветувања и искреност и отвореност кон самите себеси и другите кога нештата не одат како што сме ги замислиле.

Благодарам. Роберт Меклауд, Главен извршен директор

Кодексот е поделен на четири дела. Така е полесно за користење: „Лица“, „Пазар“, „Фирма“ и „Планета“.

Осмислен е така за да можете да го користите во секојдневните активности. Содржи примери и нешта на кои треба да се внимава, како и насоки за донесување одлуки.

СЕ ЗАЛОЖУВАМ ДА работам етички и во согласност со вредностите на „Џонсон Мети“ со тоа што:

JM 'I' Statements

Ќе барам помош и ќе пријавувам кога ќе имам проблеми

Ќе ги разберам и следам принципите на Кодексот

Ќе работам безбедно и ќе ги почитувам правата на другите

Ќе работам одговорно, праведно и законски

Ќе ја поддржувам амбицијата на „Џонсон Мети“ да изгради одржлив бизнис

Ќе ги заштитувам брендот, средствата и угледот на „Џонсон Мети“

Луѓе

Ќе работам безбедно и ќе ги почитувам правата на другите

People illustration

Пазар

Ќе работам одговорно, праведно и законски

Market illustration

Фирма

Ќе ги штитам брендот, средствата и угледот на „Џонсон Мети“

Company illustration

Планета

Ќе ја поддржувам амбицијата на „Џонсон Мети“ да изгради одржлив бизнис

Planet illustration

Донесување етички одлуки

Како насоки во донесувањето одлуки, вклучивме дводелен процес што можете да го користите кога не сте сигурен/сигурна што е правилно или за да ја тестирате донесената одлука. Користете го овој процес за да ви помогне да постапите правилно...

What should I do illustration

Пријавите

Постојат голем број на различни канали преку кои можете да побарате помош или да пријавите загриженост

Вашиот менаџер
Човечки ресурси (ЧР)
Други групни функции
Етички амбасадори
Телефонска линија за пријавување

Џонсон Мети Ви обезбедува уште повеќе средства преку кои можете да искажете загриженост, особено доколку би сакале да го направите тоа анонимно (каде што локалните закони го дозволуваат тоа). Нашата линија за приговори е раководена од трето лице и овозможува два методи за поднесување на извештај:


По телефон обратете се на - www.JM.ethicspoint.com за телефонскиот број на вашата земја

Online: Посетете ја страната www.JM.ethicspoint.com